Приведени четворица фудбалери за силување спортска новинарка

Четворица фудбалери на аргентинскиот прволигаш Велез Сарсфилд беа приведени во понеделникот под обвинение дека силувале спортска новинарка во хотелска соба.

Тоа се уругвајскиот голман, Себастијан Соса (37), парагвајскиот играч за врска, Хозе Флорентино (27), аргентинскиот дефанзивец, Брајан Куфре (27) и неговиот сонародник, напаѓачот Абиел Осорио (21).

На сите четворица им е одреден притвор од 48 часа додека судијата не одлучи дали ќе останат во притвор до завршување на истрагата.

Тужителот, 24-годишна спортска новинарка, тврди дека Соса ја поканил во хотелска соба во Тукуман, на северот од Аргентина кога Велез гостувал таму и одиграл нерешено со локалниот Атлетико, на 2 март. Во собата биле и другите тројца мажи.

Новинарката рекла дека испила неколку пијалоци по што и се слошило. Легнала во кревет, а потоа ја силувале четворицата фудбалери. Застапниците на жртвата велат дека случајот е класифициран како „сексуален напад со отежнат однос од две или повеќе лица“.

Адвокатот на жртвата, Патриша Неме, додава дека има доволно елементи за да се побара мерка притвор за четворицата уапсени бидејќи затоа што поседуваат средства да побегнат и да го избегнат судењето.

Друг адвокат, Хуан Роблес, изјави дека притворот наскоро треба да биде потврден.

– Обвинителот најави дека четворицата кои дојдоа на ова судење како обвинети ќе бидат приведени, откри Роблес за медиумите.

Соса со објава на Инстаграм, на 8 март, ги негираше обвинувањата. „Го отфрлам насилството од секаков вид. Го почитувам физичкиот и сексуалниот интегритет на секој човек. Верувам во брза акција на правдата“, напиша тогаш Соса, додека неговите соиграчи не се огласија.

Во соопштението, Велез Сарсфилд откри дека ги суспендирал четворицата играчи и започнал внатрешна истрага.

– Клубот ја повторува најдлабоката загриженост за настаните кои се спротивни на принципите и вредностите на нашата институција, се вели, меѓу другото, во соопштението на еден од најуспешните аргентински клубови, кој беше шампион 10 пати, и победник во Копа Либертадорес 1994 година.

Потоа Велес го победи и Милан, освојувачот на Лигата на шампиони (ЛШ), во Интерконтиненталниот куп во Токио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО