Пријателски мечеви пред ЕП: Србија загуби од Австрија, Италија разочара

Репрезентацијата на Србија загуби на гости од Австрија, со 1:2, во контролниот натпревар пред Европското првенство (ЕП) во Германија (од 14 јуни до 14 јули).

На Србите им се закануваше дебакл бидејќи веќе во 13. минута губеа со 0:2 со головите на Патрик Вимер и Кристоф Баумгартнер. Сепак, Страхиња Павловиќ во 35. минута успеа да намали на 1:2.

Бранителот на титулата, Италија, која на ЕП ќе игра во групата со Хрватска, Шпанија и Албанија, во Болоња одигра без голови (0:0) со Турција.

Избраниците на Лучијано Спалети упатија само два удара кон голот на Турција, а единствената шанса ја имаа во судиското надополнување од првото полувреме кога Кристанте со глава биеше над голот.

Португалија, без Кристијано Роналдо, ја победи Финска со 4:2 во натпревар на кој можеше да постигне уште неколку голови.

Рубен Дијаз ги доведе домаќините во водство во 17. минута, а Диого Жота од пенал во 45-та зголеми на 2:0. Финска во првото полувреме немаше ниту еден удар кон голот, а Бруно Фернандеш во 55. минута го зголеми водството на Португалија на 3:0.

Финска се врати во игра преку Тему Пуки, кој во 73. намали на 1:3, а четири минути подоцна и на 2:3. Тоа беа единствените два удара на Финците на голот Португалците на целиот натпревар. Конечните 4:2 ги постави Фернандеш на шест минути пред крајот.

На другите пријателски натпревари, Ирска ја победи Унгарија со 2:1, Романија и Унгарија одиграа без голови, а Швајцарија беше подобра од Естонија, 4:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО