Претседателот на Барселона за победата на Реал Мадрид: Срамота.

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, реши да ги обвини судиите дека му помогнале на Реал Мадрид со одлуките во победата од 3:2 против Алмерија.

Имено, Реал Мадрид губеше со 2:0 на домашен терен од Алмерија, но до крајот на натпреварот успеа да направи пресврт и да победи.

ВАР работеше неколку пати на овој натпревар, а гостите по мечот тврдеа дека биле ограбени од судиите. После се, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта реши да проговори.

-Срамота. Она што се случи на Бернабеу е срам. Мислам дека колективот на судии мора да одговори на притисокот што го имаат судиите и поради кои судат многу лошо, рече Лапорта и продолжи:

-Ако не одговорат, сите нè оставаат во грда положба. Мораме да разбереме дека секој си ја работи својата работа, изјави Лапорта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО