Ѓорче Петров доби шпански ривал за 1/4 финалето коe ако го помине пак ќе налета на шпанки

Македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров денес по ждрепката во ЕХФ ги дозна противниците на 1/4 финалето во ЕХФ Купот, како и за евентуалното полуфинале.

Ѓорче Петров за ривал во следната фаза го доби тимот на Елче. Првиот меч се игра во гости на 9/10 марти, а реваншот во Скопје е предвидено да се игра на 16/17 март.

Исто така беше извршена ждрепка за потенцијалните полуфинални парови каде доколку помине Ѓорче Петров повторно ќе има шпански ривал.

Имено ова стана јасно откако парот со кој вкрстува во полуфинале е четвртифналната шпанска двојка Гранољерс – Гран Канарија

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО