Енрике е фаворит на Деко како замена за Чави

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике е фаворит на спортскиот директор на Барселона, Деко, да го замени тренерот Чави, кој заминува на крајот од сезонава, објави „Кадена Сер“.

Според изворот, финансиските проблеми на Барселона може да го спречат назначувањето на Енрике, но Деко во него гледа идеален кандидат за замена на Чави.

Актуелниот договор на Енрике со ПСЖ е до летото 2025 година. Шпанскиот стручњак кој е на клупата на францускиот клуб од јули 2023 година, претходно работеше и во Барселона, од 2014 до 2017 година.

Во 2015-та Енрике со Барселона ја освои тројната круна, титулата во Ла лига, „кралскиот куп“ и Лигата на шампиони (ЛШ), плус Суперкупот на УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО