Премиер лига: Ништо не е решено околу титулата, три тима со подеднакви шанси

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за трката за титулата во англиската Премиер лига. Според германскиот стручњак, борбата се’ уште не е завршена, претстојат многу натпревари кои би можеле да ја променат позицијата на тимовите на табелата.

– Имаме уште 10 натпревари пред нас. Јасно е дека ништо не е решено. Следниот меч е против Брајтон, а тие секогаш ни биле тежок противник. Потоа ќе играме со Астон вила, Тотенхем итн. Сити го чека мечот со Арсенал. Три екипи се борат за титулата, а сите се многу силни. Ќе видиме што можеме ние да направиме, изјави Клоп за официјалната интернет-страница на Ливерпул.

По 28. кола во Премиер лигата, Ливерпул е втор на табелата со 64 бода, исто колку што има и Арсенал на првата позиција поради подобрата гол разлика. Трет е Манчстер сити со 63 бода. Но се чини дека Арсенал има најтежок распоред до крајот, барем на хартија.

„Топчиите“ чии следни противници имаат освоено во просек по 41,5 поени ги очекуваат тешките гостувања кај Сити, Брајтон, Тотенхем и Јунајтед, како и домашните натпревари против Астон вила и Челси.

„Граѓаните“, чии ривали сезонава имаат освоено 40,7 поени, покрај Арсенал, дома ќе ја пречекаат и Вила, а меѓу потешките гостувања им се оние на Тотенхем и на Брајтон.

Со Ливерпул работите се слични со оние на Сити, гостување кај Тотенхем, Манчестер јунајтед и Астон вила, противници кои имаат најмалку бодови во просек, 38,4.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО