Саудијците сакаат да го купат Монако, ПСЖ може да добие сериозен конкурент

Саудиска Арабија продолжува да инвестира многу пари во фудбалот. Овојпат, Саудијците се насочијa кон француската Лига 1, сакајаќи да го купат Монако кого долгогодишниот сопственик, Русинот Дмитри Риболовљев го продава.

– Се бара купувач за клупските акции и колку што знам, се одржуваат средби меѓу принцот Алберт втори од Монако и претставници од Саудиска Арабија.

Случајот со Монако е поспецифичен бидејќи кралското семејство поседува 35 отсто од акциите на клубот, но доколку Саудијците ги откупат преостанатите 65 отсто сигурно ќе вложат многу пари. До неодамна тие беа заинтересирани за Олимпик Марсеј, но сега повеќе го сакаат Монако, тврди Жером Ротен, поранешен фудбалер, сега стручен коментатор.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО