Нигерија прв полуфиналист на Купот на Африкански нации

Фудбалската репрезентација на Нигерија ја победи Ангола со 1:0  и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации. Трикратниот освојувач на ова континентално натпреварување славеше благодарение на голот на играчот на Аталанта, Адемола Лукман во 41. минута.

Во вториот дел и Виктор Осимен ја затресе мрежата на Ангола, но неговиот гол беше поништен, додека играчите на поразениот тим ја погодија стативата во 59. минута.

Нигеријците, кои последен пат беа шампиони на Африка во 2013 година, во полуфиналето ќе играат против подобриот од мечот Зеленортски Острови – Јужна Африка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО