Познати полуфиналните двојки во ЛШ

Без германска пресметка во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) во ракомет. На денешната ждрепка за мечевите на Ф4 турнирите во машка и во женска конкуренција ги добивме двојките за полуфиналните пресметки.

На завршниот турнир кај мажите во Келн, актуелниот бранител на титулата, Магдебург, во полуфиналето ќе игра против дански Алборг, додека во второто полуфинале ќе играат Кил и Барселона. Завршниот турнир во Келн ќе се одржи на 8 и 9 јуни.

Во женска конкуренција на Ф4 турнирот во Будимпешта кој е на програмата на 1 и 2 јуни, во првиот полуфинален меч ќе играат Есбјерг и Ѓер, додека во второто полуфинале ќе се соочат Битигхајм и Мец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО