Позната е трансферната цел број 1 на Барсa летово!

Барселона сака да го ангажира крилото на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесува шпанскиот „Спорт “. Според тој извор, 21-годишниот фудбалер е приоритетна трансфер цел летово на каталонскиот клуб.

Спортскиот директор на Барселона, Деко веќе стапил во контакт со агентот на играчот и рекол дека „ќе направи се’ што е можно“ за да се постигне договор.

Раководството на клубот е подготвено да понуди поголема сума за Вилијамс од онаа што е наведена во клаузулата за обештетување, односно очекува Атлетик да се согласи и да ја подели на неколку рати.

Доколку оваа шема не им одговара на Баскијците, тогаш Каталонците ќе се обидат да го ангажираат играчот плаќајќи го трансферот наеднаш. Сезонава Вилијамс одигра 37 натпревари, постигна осум гола и 17 пати асистираше.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО