Мбапе ќе заработува двојно повеќе пари од реклами отколку од Реал Мадрид?

Долгоочекуваниот и најавуван трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид се случи. Синоќа шпанскиот гигант и францискиот фудбалер објавија дека договорот е постигнат, и оти соработката е за период од пет години.

Трансферот меѓу Мбапе и „кралскиот клуб“ е еден од најскапите во историјата. Во Шпанија веќе ги открија сумите што ќе ги инкасира Мбапе за време на престојот на „Сантијаго Бернабеу“.

Според авторитетното издание „АС“, нето годишната плата на Мбапе во Реал ќе биде 15 милиони евра, со што ќе стане најплатениот играч на шпанскиот клуб. Досега најмногу заработувал Давид Алаба, 12,5 милиони евра, потоа Винисиус Жуниор (12), Лука Модриќ (11,5) и Џуд Белингам (11 милиони евра).

Мбапе ќе добие и личен бонус од 100 милиони евра, кои ќе му бидат исплатени на рати за време на неговиот договор со Реал. Најголем проблем во преговорите меѓу двете страни беа имиџ правата на фудбалерот, што на крајот неговиот тим успеа да ги договори во негова корист.

Сумата што Мбапе ќе ја добива годишно за рекламирање на некои од најпознатите брендови е двојно поголема од платата, односно околу 30 милиони евра годишно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО