Познат судија од Евролигата „уловен“ во кражба на скап парфем во Белград (ВИДЕО)

Судијата Матеј Болтаузер, кој суди во Евролигата и АБА лигата, се наоѓа во центарот на случувањето, откако бил откриен во кражба на парфем на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Словенечкиот арбитар е „уловен“ за време на кражба на скапоцен парфем на белградскиот аеродром, а според изворите кои ги пренесува „Eurohoops“, Евролигата отвори дисциплинска постапка против овој судија.

Според повеќе извори, кражбата од страна на овој судија, се случија во декември минатата година, но веста дури сега ја шират низ медиумите. Веста за оваа кражба на парфем брзо се прошири, па меѓу луѓето кои реагираа беше и Мат Јанинг.

– Човекот краде со години. Евролигата има мноштво на фантастични судии, но овој тип е најлош и не е тешко да се види зошто е тоа така, напиша поранешниот кошаркар на Монтепаски, Цибона, Ефес и Басконија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО