Познат кадетскиот тим на Македонија за мечевите со Словенија и Австрија

Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска репрезентација на Македонија (генерација 2006 година и помлади), Наум Танески, го објави списокот на ракометари за претстојните пријателски натпревари со Словенија и Австрија во рамките на ЕХФ националната недела во градот Зрече, Словенија, во периодот од седми до 12 мај.

Собирот на кадетите е закажан за 7-ми мај во салата „Автокоманда“ во Скопје. Македонија против Словенија ќе игра на 10-ти, а со Австрија 11 мај.

Повикани ракометари:

Голмани: Григор Трајковски, РК Мулти есенс, Иван Младенов, РК Еурофарм Пелистер 2, Михаил Ангелевски, РК Прилеп,

Лево крило: Марко Димовски, РК Еурофрам Пелистер 2, Филип Велјаноски, РК Струга

Лев бек: Филип Насевски, РК Мулти есенс, Мики Лазов, ГРК Тиквеш 2014,  Антонио Наковски, РК Алкалоид

Центар: Јулиан Матески, РК Струга, Бранко Стојанов, РК Бутан Плин Изола, Марин Крстевски, РК РК Алкалоид

Десен бек: Теодор Пецаноски, РК Алкалоид, Марко Ковачевиќ,  РК Алкалоид,

Десно крило: Јован Петрески, РК Мулти есенс, Ѓорге Атанасов, РК Младост 1977

Пикер: Алекандар Славков, РК Бисимов Фруит ленд, Матеј Тевдовски, РК Алкалоид, Младен Тарчуловски, РК Мулти есенс

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО