САД и Мексико одлучија да се повлечат од трката за домаќин на фудбалско Светско првенство (СП) за жени во 2027 година. Како што е наведено во писмото до јавноста, двете земји ќе се фокусираат на кандидатурата за домаќини на шампионатот во 2031 година.
Со повлекувањето на САД и Мексико останаа само две активни кандидатури, комбинираната на Белгија, Холандија и Германија, и на Бразил.
Според некои информации, САД и Мексико добиле уверување дека ќе бидат водечки кандидат за СП 2031 година. Фаворитската улога сега ја има кандидатурата на Белгија, Холандија и Германија.