Билетите за хрватското дерби за титулата „разграбани“ за два часа!

По само два часа откако почна продажбата на билетите за дерби натпреварот Риека – Динамо на стадионот „Рујевица“ што ќе се одигра во недела (19.30 часот) и може да го реши хрватскиот шампион, тие веќе се распродадени!

Динамо е прв на табелата со бод предност, па навивачите на Риека побрзаа да дојдат до билет за решавачкиот меч од 33. коло.

Риека го распродаде секој натпревар полусезонава на „Рујевица“, а избраниците на Жељко Шопиќ повторно ќе имаат поддршка од 8.000 навивачи на стадионот.

Динамо сезонава двапати победи на Максимир, а на единствената досегашна средба во Риека беше 2:2. Двата тима ќе се сретнат и во финалето на Купот на Хрватска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО