ФИФА му ја потврди тригодишната суспензија на Рубиалес за бакнувањето на Ермосо

Светската фудбалска федерација (ФИФА), објави дека ја одбила жалбата на Луис Рубиалес, поранешниот шпански фудбалски функционер, и му ја потврди тригодишната суспензија поради бакнувањето на дефанзивката на Шпанија, Џени Ермосо.

По финалето на Светското првенство (СП) во Сиднеј лани во август, Рубиалес против нејзината волја ја бакнал во уста Ермосо. Рубиалес (46) негира дека бакнежот бил принуден и го задржува правото да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража, против суспензијата на ФИФА од „активности поврзани со фудбалот“.

ФИФА најпрвин привремено го суспендираше Рубиалес, но потоа му изрече тригодишна забрана.

Во финалето на СП, Шпанија ја победи Англија со 1:0, но врз триумфот фрли сенка постапката на Рубиалес и контроверзите што следуваа.

Тој одбиваше да ја напушти функцијата, но по притисокот од целиот свет, и откако фудбалерките на Шпанија протстираа против фудбалската федерација беа направени некои промени.

Вчера шпанскиот суд предложи на Рубиалес да му се суди за принуда и за сексуален напад. Бакнежот „не беше консензуален и беше едностран и неочекуван потег“ на Рубиалес, според судијата Франциско де Хорхе од највисокиот кривичен суд на Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО