Хрватите го отпишаа Бобан: Поддршка на Чеферин за нов мандат

На Конгресот на Европската фудбалска унија (УЕФА) во четврток во Париз, се очекува да бидат изгласани промените во Статутот со кои Александeр Чеферин ќе добие право на уште една кандидатура за претседателската функција во 2027 година, за четврти мандат.

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) нема да му даде поддршка на „бунтовникот“ Звонимира Бобан, туку на човекот поради кого тој си замина од УЕФА, на Чеферин . Сè друго би било големо изненадување, пишуваат хрватските медиуми.

Бобан неодамна поднесе оставка од функцијата директор за фудбал на УЕФА, што го образложи како длабоко несогласување бидејќи токму ограничувањето на владеењето на еден човек на три мандати беше еден од клучните проекти на Чеферин.

– Чеферин предложи и започна пакет реформи во 2017 година, кои требаше да ги заштитат УЕФА и европскиот фудбал од лошото управување. Главните две точки на реформите беа дека ниту претседателот, ниту членовите на Извршниот комитет (ИК) ќе можат да се кандидираат за функција повеќе од три пати (12 години) и беше воведена старосна граница од 70 години за сите членови на ИК, нагласува Бобан.

Според хрватските медиуми во ХНС сметаат дека е правилно и паметно да го поддржат Чеферин, бидејќи тоа ќе го направат барем 90 отсто од националните федерации и, како што истакнуваат, не би било добро да бидат на поразената страна.

Особено што претседателот на НХС, Маријан Кустиќ и неговите колеги одлично соработуваат со УЕФА, од чии пари се за финансираат голем број проекти.

Чеферин е претседател на УЕФА до 2027 година, и си дава шанса да биде таму до 2031-та.

Не би било во интерес на ХНС да оди против него и против мнозинството. Од словенечки кругови блиски до Чеферин се дознава дека се очекува голем консензус со можеби само неколку гласови против.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО