Едвардс за последниот перформанс на Јокиќ: Не смеам да бидам лут, можам само да се насмеам

Ентони Едвардс му оддаде голема почит на Никола Јокиќ по неговата последна партија.

Како што е познато, Денвер успеа да се врати од 0-2 до водство со 3-2, што сега на следниот натпревар ги прави фаворити пред домашната публика за пласман во финалната серија.

Едвардс во првите два меча во Денвер, беше незапирлив, им донесе два брејка на Минесота, но потоа Јокиќ и неговите се разбудија како од зимски сон и ја вратија предноста.

Јокиќ уфрли 40 поени, а запрашан Едвардс по мечот, за партијата на Јокиќ, тој одговори:

– Можам само да се насмеам, ништо повеќе. Не сум лут, тој е МВП играч, најдобар во НБА. Тоа го покажа последните три натпревари, а вечерва беше посебен. Морам да му дадам цвеќе, тој беше клучниот играч, порача Едвардс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО