Поразот не е проблем за навивачите на Атлетико, проблемот е што „предавникот“ им даде гол!

Барселона синоќа успеа да оствари уверлива победа на тешкото гостување во Мадрид кај Атлетико со 3:0.

Иако тоа се очекуваше да биде далеку понеизвесен натпревар, сепак играчите на Чави Ернандез тоа го направија да биде уверливо и без посериозни проблеми.

Од друга страна, Атлетико Мадрид на оваа средба беше бездушен, тим кој како да беше малокрвен 90 минути, па затоа и загубија со оваа разлика. Ова беше прв триумф на Барселона над Атлетико со три гола разлика уште од 2012 година, тоа последно се случи прв пат кога Чоло го презема кормилото на „душекчиите“.

Но главниот проблем во Мадрид не е поразот од Барселона, туку тоа што предавникот им даде гол, односно Жоао Феликс, играчот кој е на позајмица во Барселона и тоа ги прогонува играчите.

Вчера на натпреварот долго се слушаа гневни повици на навивачи кон Феликс, а тој остана смирен, па веројатно и поради тоа што го заддржа фокусот, успеа да постигне гол и да добие некоја лична сатисфакција, која знае дека ќе им пречи многу на навивачите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО