Франческо Калцона го оцени ремито со Интер 

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Франческо Калцона, не крие дека е презадовоен со ремито против Интер (1:1) во дербито на Серија „А“.

Му дозволивме на Интер да биде доминантен само 10 минути. Горди сме на играта бидејќи се соочивме со противник кој имаше големи десет победи во низа. Успеавме да најдеме против-игра“ – вели Калцона.

Наполи се наоѓа на седмото место на табелата со реални шанси да се бори за евро-виза до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО