Формула 1 (Ф1) и Џенерал Моторс (ГМ) постигнаа начелен договор за влез на ГМ/Кадилак во Ф1 како 11-ти тим во 2026 година.
„Посветеноста на Џенерал Моторс и на Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, рече претседателот и извршен директор на Ф1, Стефано Доменикали.
– Џенерал Моторс е голем глобален бренд и сила во светот и работи со импресивни партнери. Целосно ги поддржувам напорите на ФИА, Ф1, ГМ да го продолжат дијалогот и да работат на позитивен исход од договорот, додаде претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем.
Се огласи и и Марк Ројс, претседателот на Џенерал Моторс. „Како врв на мотоспортот, Ф1 бара иновации и извонредност што ги поместува границите. Чест е за Џенерал Моторс и за Кадилак да се приклучат на врвната светска тркачка серија.
Ние сме посветени да се натпреваруваме со страст и со интегритет за да го подигнеме спортот на повисоко ниво ширум светот. Ова е глобална сцена за да ја покажеме инженерската експертиза и технолошкиот лидерство на ГМ на сосема ново ниво“, рече тој.
Тимот треба да се вика Кадилак Ф1 и ќе користи мотори на Ферари во првите две години додека ГМ не добие мотор од Кадилак за 2028 година.
Марио Андрети, светскиот шампион во Ф1 од 1978 година, ќе ја има амбасадорската улога во Кадилак Ф1.