Здравствената состојба на Синер пред УСА Опен е под знак прашалник

Италијанскиот тенисер Јаник Синер направил итни медицински тестови, само три недели пред почетокот на УС Опен, последниот гренслем-турнир во сезоната.

Неочекувани проблеми го следат првиот тенисер во светот во текот на август, месец што требаше да помине многу помирно за Синер.

Италијанецот го повикал својот лекар од доверба да се врати од одмор за да присуствува на прегледите.

Засега не е познато дали станува збор само за превентивни прегледи или Синер има здравствен проблем што би можел да му го отежни настапот во Њујорк.

Да потсетиме, првиот светски рекет неодамна ја освои титулата на Вимблдон, откако во големото финале го совлада Саша Зверев во четири сета.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО