Мартинез: Роналдо е опседнат со желбата да биде најдобар

Селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез зборуваше за 39-годишниот репрезентативен напаѓач, Кристијано Роналдо.

– Не многу играчи го постигнаа тоа што тој го постигна. Тој служи како пример на многу начини. Сериозно достигнување е и тоа што е единствениот фудбалер кој одиграл повеќе од 200 натпревари за репрезентацијата.

Она што секогаш ме изненадува кај Кристијано е како тој им пркоси на годините. По секој тренинг, јас и моите колеги сме воодушевени што играч кој веќе има постигнато речиси сè и кој сам може да ги дозира оптоварувањата на тренинзите е мотивиран од желбата за победа, вели Мартинез.

Мартинез додава дека Роналдо е опседнат со желбата да биде најдобар, опседнат со идејата за совршенство што сака да го постигне во кариерата.

– Тоа е заразно. Младите играчи, пристигнувајќи во националниот тим, гледаат личност, играч и идол кого претходно само оддалеку го гледале.

Португалија треба многу да го почитува. Фудбалерите како Пепе и Роналдо служат за пример, го пренесуваат своето искуство и следните генерации фудбалери ќе ги направат подобри, истакна Мартинез за прес-службата на УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО