Победа на Швјатек за аналите на Ролан Гарос

На Ига Швјатек од Полска, првата светска тенисерка, и беа потребни само 40 минути за да забележи убедлива победа над Русинката, Анастасија Потапова, од 6:0 6:0, и да се пласира во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција, на Ролан Гарос.

Швјатек (23), бранителката на титулата и прва носителка, освои 48 поени, наспроти 10-те на Потапова, тенисерката број 41 на ВТА листата, и не се соочи со ниту една брејк-поен.

Тоа беше најбрзата победа во кариерата на Швјатек, и вториот најкраток натпревар на Ролан Гарос по триумфот на Штефи Граф над Наташа Зверева во финалето 1988 година, за само 32 минути.

– Мечот мина прилично брзо. Бев навистина концентрирана, не го гледав резултатот, само продолжив со мојата игра, рече Швјатек, која во следното коло ќе се соочи со шампионката од Вимблдон, Маркета Вондрушова од Чешка која ја елиминира српската квалификантка Олга Даниловиќ, со 6:4, 6:2.

Доколку ја одбрани титулата, Швјатек ќе биде првата по Белгијката Жастин Енин во 2007 година која трипати по ред триумфирала на Ролан Гарос (вкупно четири пати) каде што е во серија од 18 победи, односно без пораз е од четвртфиналето во 2021 година.

Таа сезонава забележа 16 победи во низа на земјени терени, откако победи во Мадрид и Рим, пред да пристигне во Париз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО