По осум години Елнени го напушта стадионот„Емирати“

Играчот од средниот ред Мохамед Елнени ќе го напушти Арсенал на лето по осум години минати во англискиот фудбалски клуб, пренесува „Ројтерс“. Репрезентативецот на Египет им се приклучи на „топчиите“ во 2016 година со трансфер вреден 5 милиони фунти од Базел и забележа 161 настап.

Елнени (31) настапи на само осум натпревари на Арсенал оваа сезона поради повреда на коленото, а пред оваа година имаше само шест настапи во сите натпреварувања. „Драги фанови на Арсенал, денес се збогувам со вас и ви благодарам за се што направивте за мене. Благодарен сум за вашата љубов, поддршка и добрина. Ќе ми недостигате, но ќе ве носам засекогаш во моето срце“, напиша Елнени на социјалната мрежа Х.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО