ПМФЛ: Гостивар и Брера ги поделија бодовите, Вардар освои бод во судиското надополнување

Денеска на програмата беа пет средби од 23.коло во ПМФЛ. Брера на Маџари кај Гостивар имаше 1:2, со головите на Велков и Ѓорѓиевски од слободен удар, но во 88.минута од пенал Ајдоган израмни на 2:2. Претходно Каланоски донесе водство на Гостивар од 1:0.

Беса до овој меч немаше гол оваа пролет, а денеска на Чаир даде три успеа да го победи Шкупи со 2:3. Видовме мајсторија на Влатко Стојановски кој во 60.минута од половина терен успеа да постигне фантастичен гол за 1:3 за Беса.

Струга ТЛ со голот на Малески во 88.минута ја “скрши“ Воска за победа од 1:0 во “Езерското дерби“, а Шкендија со голот на Ибрами бр.213 во кариерата во ПМФЛ успеа да дојде до победа од 1:0 против Пелистер.

Утре со почеток од 14 часот се игра средбата Работнички и Тиквеш, и тоа на ФФМ.

 

РЕЗУЛТАТИ – 23.КОЛО

 

ГОСТИВАР – БРЕРА 2:2

(Каланоски 25., Ајдоган (п) 88./Велков 45., М. Ѓорѓиевски 52.)

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1:0

(Ибраими 73./)

ШКУПИ – БЕСА 2:3

(Асани (п) 32./Шефити 13., Лазаров (авт) 28., 60.)

СИЛЕКС – ВАРДАР 1:1

(Алиќ 12./Омерагиќ 90+)

СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1:0

(Малески 89.)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО