Пиоли: Натпреварот можеше да оди во друг правец, ги сфаќам навивачите кои ме критикуваат

Милан успеа да го добие дербито против Рома синоќа со 3:1 и да ја спаси честа на навивачите.

Росонерите со оваа победа успеаја да останат на чекор од второпласираниот Јувентус и да ги сочуваат шансите за што повисок пласман на крајот од сезоната.

По натпреварот, тренерот на „Росонерите“, Стефано Пиоли потенцира дека натпреварот можел да оди и во сосема друг правец, бидејки не ги искористиле своите шанси на 2:1.

– Јасно е дека мечот можеше да оди во друг правец, бидејки на 2:1, не ги користевме своите шанси, се обидувавме да постигнеме трет гол и да го затвориме натпреварот, но како одминуваа минутите ние бевме се повеќе заморени.

– Искрено не сум загрижен, иритиран или навреден од критиките на навивачите. Ги зголемивме очекувањата кај навивачите со нашите перформанси овие 3-4 години, така да природно е да се очекува секоја сезона да одиме чекор напред во ЛШ, да играме редовно во полуфиналињата од Копа Италија. Сезоната е се уште долга и имаме свои шанси да покажеме зошто сме квалитетна екипа и да се обидеме да конкурираме за врвот на крајот од сезоната, порача Пиоли.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО