ФИФА вечерва ќе ги објави имињата на најдобрите за 2023 година: Во конкуренција Халанд, Меси и Мбапе

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вечерва во Лондон ќе ги сооопшти имињата на најдобрите за 2023 година.

Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Лионел Меси се последните тројца кои конкурираат за наградата за најдобар фудбалер. Кај жените тоа се Аитана Бонмати, Линда Каиседо и Џенифер Хермосо.

Во гласањето учествуваат репрезентативци и капитени на репрезентациите, новинари и навивачи на интернет-страницата на ФИФА.

Наградата Пушкаш, именувана според унгарската легенда Ференц Пушкаш ќе ја добие играчот што постигнал најубав гол за што решаваат стручните коментатори.

Наградите на ФИФА генерално покриваат една календарска година и се разликуваат од „Златната топка“, која ги наградува перформансите во текот на една сезона.

Сепак, годинава, за машките награди, и за наградата Пушкаш, се зема периодот од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година, бидејќи Светското првенство (СП) во Катар беше вклучено во минатогодишната церемонија. Женските награди се вреднуваат за настапите од 1 август 2022 до 20 август 2023 година.

На пригодната церемонија ќе бидат прогласени најдобрите тренери и најдобрите голмани, во машка и во женска конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО