Пикси донесе одлука. Српските медиуми ја претставуваат како шокантна!

Србија го освои последното, четврто место во групата Ц на Европското првенство (ЕП) во Германија, со што го заврши натпреварувањето уште по првата фаза.

Во групата прва беше Англија, пред Данска и Словенија, селекции кои се пласираа во нокаут фазата, а отпадна Србија, како четвртопласирана, со сам два бода од трите натпревари.

Многумина се прашуваа каква ќе биде судбината на селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Неговата одлука е да остане на селекторката функвија, што српските медиуми ја опишуваат како шокантна.

Објаснувајќи ја одлуката на селекторот, тие пишуваат оти тој е убеден дека извлекол максимум од кадрите што ги имал на располагање и дека Србија не се посрамотила со двата бода и само еден даден гол за 270 минути.

Српската јавност не се согласува со неговата оценка, па некои медиуми пишуваат и дека без разлика на важечкиот договор и парите, се очекувало тој веднаш да биде сменет по испаѓањето од ЕП.

Парите кои се споменуваат како обештетување доколку добие отказ се еден милион евра. Исто така, според тамошните медиуми, Србија е единствената од 24-те репрезентации на ова ЕП која во ниту еден момент не била водечка во групната фаза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО