Петар Заборски ќе се бори за бронза на ЕП во карате

Македонскиот каратист, Петар Заборски има одличен настап на Европското првенство (ЕП) во карате за сениори во Задар, Хрватска. Заборски обезбеди борба за бронзен медал.

Заборски во полуфиналето загуби од Хрватот, Иван Мартинац. 0:3, па во борбата за бронзата ќе се соочи со Тијаго Дуарте од Португалија. За жал, Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ не продолжија натаму поради прв (не)освоен поен.

Сепак, ова е добар почеток на ЕП и добра мотивација за другите каратисти од Македонија да освојат медал(и) на овој шампионат. Денеска ќе настапат и другите македонски претставници на ЕП на кое учестува 491 каратист од 51 држава.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО