Михајловски: Триатлонската традиција продолжува

Четвртиот „Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19 мај година во Скопје. По тој повод денеска гостин во студиото на Спортско радио 90,3 ФМ беше првиот човек на Триатлон федерацијата на Македонија, Иван Михајловски.

– Не’ чека значаен настан на кој ќе се појават 300 учесници од кои речиси половината се од земји од странство кои ќе се натпреваруваат во неколку возрасни категории. Благодарност до сите релевантини фактори што ни излегоа в пресрет околу организацијата. Нашата тенденција е да привлечеме што поголем број млади личности во триатлонот, потенцираше Михајловски.

Стартот и целта ќе бидат во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот, за велосипедскиот дел ќе се користи булеварот „Илинден“. а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО