Перез: За еден месец ќе знам за кого ќе возам идната сезона

Возачот на Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез, вели дека моментално не знае каде ќе ја продолжи кариерата, со оглед на тоа што договорот со австрискиот тим му завршува на крајот на годината.

Во истовреме, раководството на Ред Бул изјави дека е подготвено да ја продолжи соработката со Перез доколку тој почне да покажува подобри и постабилни перформанси.

– Не, не чувствувам никаков притисок. Ова ми е 14-та сезона во Формула 1, целосно су смирен што и да се случи следно… Сè уште сум среќен со она што го постигнав досега во кариерата. Верувам дека одлучувањето за мојата иднина е прашање на време.

Ситуацијата на пазарот веќе почна да се движи. Мислам дека ќе има многу вести во следните неколку недели. Верувам дека за еден месец ќе знам што точно ќе правам следната година, истакна Перез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО