Пеп шокира со големо признание за Халанд

Манчестер Сити нема право никого да потценува и уште сега да размислува за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, изјави менаџерот Пеп Гвардиола, цитиран од Ројтерс. Англискиот шампион, со бод помалку од водечките Арсенал и Ливерпул, се среќава со Лутон во сабота.

– Мораме да се фокусираме на Лутон. Премиер лигата ни е многу важна. Долго време се бориме за оваа титула и знаеме на која позиција се наоѓаме, изјави тој на прес-конференцијата пред натпреварот.

Нејтан Аке, Фил Фоден и Кајл Вокер се под знак прашалник за натпреварот. Фоден се повреди на натпреварот против Реал Мадрид, а останатите двајца се повредени. Самиот Родри по ремито со Шпанците изјави дека му треба одмор. Ерлинг Халанд е најдобар стрелец во Англија со 19 гола, а Гвардиола беше прашан од новинарите што повеќе е потребно за Норвежанецот да ја освои „Златната топка“ оваа сезона. Минатата година заврши на второто место во поредокот.

-Потребна му е поголема минутажа, но кај него целта не е индивидуалната награда, туку тимските трофеи. Ги освои минатата сезона. Дали ќе ги освоевме сите овие титули без него? Нема шанси“, додаде Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО