Пеп потврди: Вокер и Стоунс го пропуштаат дербито со Арсенал

Десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер и централниот бек на Сити, Џон Стоунс нема да можат да учествуваат на претстојниот натпревар од 30. коло на англискиот шампионат со лондонски Арсенал, кој ќе се одигра на 31 март.

„Џон Стоунс и Кајл Вокер нема да играат против Арсенал. Ова е она што го имаме. Повредата на Кајл е потешка од онаа на Џон, но не знам колку натпревари ќе пропушти“, изјави Пеп Гвардиола во најавата на средбата со Арсенал.

Да потсетиме и двајцата дефанзивци на Манчестер Сити се повредија за време на мартовската пауза за репрезентации.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал ќе се одигра на стадионот „Етихад“во Манчестер в недела од 17.30 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО