Кукоч: „Дрим-тимот“ беше составен само за да ја тестираат Југославија, но тој меч не се одигра

Легендарниот Тони Кукоч, во друштво на уште едно легендарно име, Дино Раѓа, синоќа беа присутни во „Штарк арена“, каде го следеа мечот на Партизан против Олимпијакос.

Тие двајца едноставно не можеа да бидат изоставени од новинарите и да не им бидат поставени одредени прашања.

Кукоч по натпреварот, со новинарите зборуваше за Олимписките игри во Барселона далечната 1992 година, на кои требаше да се сретнат два дрим-тима.

– Целиот тој дрим тим на Америка беше составен се со цел да ни пркосат нам, на Југославија. Толку бевме доминантни во дел од шампионатите, што се бараше начин како некој да ни се спротивстави. Бевме ние, Америка и Русија. Остатокот од светот скоро и да не постоеше во овој спорт. Откако ние и Русите во неколку наврати се посрамотивме, дрим тимот беше составен поради финалето во Барселона, порача Кукоч.

Игрите во Барселона требаше да дадат одговор дали американската екипа или југословенската е подобра, поради сите случувања и војната во Јгославија, тој меч не се одигра.

– Верувам дека тој натпревар би бил еден од најголемите на сите времиња во репрезентативната кошарка, ќе се зборуваше долго за тој меч. Знаеме за кого зборуваме кога ќе кажеме „дрим-тим“, но ние бевме страшно воиграни и мислам дека имавме шанси против нив. Потоа се покажа дека и не се господари, ги победува и Србија, Шпанија, Аргентина, се надоврза Кукоч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО