Мбапе промаши пенал, потоа даде гол за куп финале ПСЖ – Лион

ПСЖ и Лион ќе играат во финалето на Купот на Франција, на 25 мај, откако тимот од Париз со голот на Килијан Мбапе во 40-та минута, во полуфиналето го елиминира Рен (1:0). Лион во првиот полуфинален меч беше поуспешен од Валенсијанс, 3:0.

Мбапе седум минути претходно не успеа да погоди од пенал, поточно голманот на Рен, Стив Манданда му го одбрани ударот од белата точка. Напаѓачот на ПСЖ ја игра последната сезона за парискиот клуб откако најави дека ќе му се приклучи на шпанскиот гигант Реал Мадрид летово.

ПСЖ ќе се бори за 15-от трофеј во францускиот куп, откако последен пат го освои во 2020/21 година. ПСЖе во трката за шамионската титула во Лига 1, но и во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што во четвртфиналето се среќава со Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО