Пелистер со рутинска победа над Вардар

Кошаркарите на Пелистер вечерва беа подобри од Вардар со 86-74 и ја запишаа 14. победа во македонската Прва лига.

Битолчани имаа добар почеток на натпреварот и водство од 27-18, но Вардар влезе во одличен ритам и запиша 13 поени по ред за да поведе со 31-27. Сепак, Пелистер во завршницата повторно ја врати предноста и замина на паузата со 42-37.

Вардар не можеше да му парира на гостинскиот тим во вториот дел, каде што Пелистер создаде предност од +16 (74-58), по што рутински ја запиша победата.

Маслинко беше најефикасен во составот на Пелистер со 23 постигнати поени, додека Атанасов запиша 20 поени за Вардар.

Пелистер има 14 победи и шест порази по 20 одиграни кола во Првата лига, додека Вардар е на дното на табелата со три триумфи и 17 порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО