Пелистер со победа која може да го однесе во плеј-офот на АБА 2 лигата

Во драматичната завршница, кошаркарите на Пелистер остварија важна победа на отворањето на пследниот „балон турнир“ во регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.

Битолчани денеска славеа против Борац со 73:72. Планиниќ имаше повеќе од солидно издание, па на крајот заврши со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен, 15 скока и 5 асистенции. Костоски застана на бројката од 14 поени (4/7 за три поени), а имаше и четири скока. Најт беше трет стрелец со 13 поени. Теодор Симиќ остана на клупа на екипата на Борац и не доби шанса. По 11 одиграни кола, Пелистер има ефект од пет победи и шест порази.

Скор кој ги става во првата „осумка“ која ќе биде дел од плеј-офот во пресрет на последните два натпревари на овој собир во Широки. Утре вечер, од 21 часот ќе се одигра македонското дерби, меѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ Моцарт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО