Париз одбројува уште 200 дена до почетокот на Олимписките игри

Остануваат уште 200 дена до почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024, кои почнувааат на 26 јули и ќе траат до 11 август, со церемонијата на свеченото отворање на реката Сена.

Париз има голема предност бидејќи повеќето објекти за Игрите веќе беа изградени кога на 13 септември 2017 година главниот град на Франција беше избран по трет пат да го организира настанот, еден век по последниот во 1924-та.

Со 84 отсто од работите веќе завршени, сепак има некои недостатоци кои го привлекуваат вниманието. Има доцнења во три точки, на работите на Гран Пале во центарот на градот, на три згради во Олимпиското село и на базенот Коломбес, местото за тренинзи за синхронизирано пливање, но организаторите очекуваат тоа да биде решено навреме.

Станува збор и повторното отворање на катедралата Нотр Дам која настрада во катастрофалниот пожар во 2019 година.

За неколку дена ќе биде отворен спортскиот центар Ла Шапел, кој се наоѓа во северниот дел од градот, еден од ретките нови објекти кој е со капацитет од 8.000 гледачи, за натпреварите во бадминтон и во ритмичка гимнастика.

На 1 март на ред за отворање ќе дојде Олимпиското село, сместено на три локации на север од главниот град, на 51 хектар, во кое ќе се сместат 14.500 спортисти. По Игрите тие објекти ќе бидат пренаменети во социјални станови.

На 200 дена до почетокот на Игрите, веќе се продадени 7,6 милиони билети за натпреварите, иако се’ уште има непродадени, како оние за атлетика, за финалињата на 100 и на 200 метри на „Стад де Франс“.

Тие се по цена од 990 евра за најдобрите седишта од прва „А категорија“ за вечерните натпревари, па до 690, 385, 195 и 85 евра, за тие од „Д категорија“.

Меѓу другите спортови за кои има билети се ракометот, спортот што е исклучително популарен во Франција, за кошарката, боксот и за пливањето.

Тоа повторно ги покрена прашањата дали цените на билетите се превисоки и дали побарувачката за нив е на посакуваното ниво.

-Еден од главните предизвици за организаторите на Игрите во Париз 2024 година ќе биде перцепцијата дека цените на билетите се релативно скапи. Париз не е евтина дестинација, особено за посетителите надвор од Европа, вели Нил Хопкинс, глобалниот шеф за стратегија во „Сачи спорт и ентертејментс“.

Денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон, во видеото на социјалната мрежа X, со боксерски ракавици ставени на рамо пред боксерска вреќа, ги повика Французите „да спортуваат најмалку 30 минути секој ден“!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО