Ѓорческа против Кава од Полска во првото квалификациско коло во Мелбурн  

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, која во моментов е на 214-та позиција на светската ВТА ранг листа (2023-та ја заврши на 213-то место), во првата квалификациска рунда на Австралија опен по полноќ ќе игра против Катаржина Кава од Полска, 115-та на ВТА листата.

Ѓорческа (29) по втор пат ќе настапи во квалификациите на Австралија опен. Во 2017 година за малку не стигна до главниот турнир откако беше елиминирана во третото коло.

Во квалификациите во Мелбурн треба ќе настапат по 128 тенисери и тенисерки. Ќе се играат три кола по што 16-те најдобри во двете конкуренции ќе се пласираат на главниот турнир.

Гран-слем турнирот во Мелбурн 2024-та ќе почне во недела, 14 јанаури и за првпат ќе трае 15 дена, до 28 јануари.

Кај жените на најновата ВТА листа на водечката позиција и натаму е Ига Швјатек од Полска, пред Арина Забаленка од Белорусија и пред Елена Рибакина од Казахстан.

Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 407. недела на врвот на АТП листата. Втор е Шпанецот Карлос Алкараз, трет Русинот Данил Медведев итн.

Калин Ивановски е најдoбропласираниот македонски тенисер, на 325 место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО