Лајциг, тимот на Елмас, купи тинејџер од хрватски третолигаш за 5,2 милиони евра!

Хрватските медиуми објавија дека германскиот Бундеслигаш, Лајпциг, тимот во кој неодамна се пресели македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, од хрватскиот третолигаш Кустошија од Загреб, го купил младиот напаѓач Дино Клапија (17) за 5,2 милиони евра!

Згора на тоа Кустошија има клаузула според која ќе добие 10 отсто од секој следен трансфер на Клапија.

Клапија дојде лани во март во Кустошија од Њујорк сити кој е дел од фудбалската групација на Манчестер сити.

Наводно и тогаш имало големо интересирање за него, но тој и неговотот семејство се решиле за Кустошија убедени дека тоа е најдобро за неговиот развој.

Клапија е роден во САД, но има хрватските корени. Во декември дебитираше за репрезентацијата на Хрватска до 17 години.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО