Панатинаикос повторно на европскиот пиедестал: Го срушија „кралот“ и ја освоија Евролигата

Кошаркарите на грчки Панатинаикос се новите кошаркарски владетели во Евролигата.

„Детелинките“ од Атина вечерва беа подобри во директната пресметна за европскиот трон со актуелните шампиони од минатата сезона, Реал Мадрид, со резултат 95:80.

Мечот беше напнат и со тензија, а на крајот тоа излезе една убедлива победа на Панатинаикос со 15 поени разлика 95:80.

Реал Мадрид кој не успеа да ја одбрани европската круна, имаше свои моменти, водеа цело едно полувреме, но пресвртот се случи на крајот од третата четвртина, кога Панатинаикос почна да гази и да направи разлика, која на крајот беше клучна.

Најзаслужен за триумфот на Панатинаикос беше Костас Слукас, кој мечот го заврши со 24 кошеви, па со право беше избран за најкорисен играч во финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО