Ау, какво славје во Монако: Погледнете што му направи Леклер на првиот човек во Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, попладнево триумфира на патеката во Монте Карло и се запиша како прв возач од кнежеството Монако кој триумфирал на домашната патека.

„Чувството е неверојатно“, рече тој по трката, а сето тоа беше одбележано со еден неверојатен момент по трката.

– Мојот татко даде се’ за да бидам овде, да се натпреварувам и да победам, ова е неверојатно, порача Шарл Леклер.

По славјето на Ферари, првиот човек во гаражата на Ферари, Фредерик Васер, во придружба на победникот Леклер, се нурнаа во морето, што наиде на воодушевување кај навивачите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО