Поставен нов, апсолутен рекорд според посетеност на ЕП

Годинашното Европско првенство (ЕП) во фудбал што се одржува во Германија убедливо е најгледаното во историјата, Тоа на некој начин е потврда за тврдењето дека овие натпреварувања мора да се одржуваат во земји со силна фудбалска култура.

Сведоци сме колку е популарно ова ЕП, со рекордна посета на натпреварите, од што профитираа сите, од навивачите па до организаторите. Веќе е поставан апсолутен рекорд, по мечевите во четвртфиналето, со вкупно 2.492.720 гледачи.

Претходниот рекорд го држеше ЕП во Франција 2016 година, каде што во текот на целото првенство, на 51 натпревар, присуствувале 2.427.303 гледачи.

Просечната посетеност на ова ЕП досега е 51.932 навивачи. Просечниот рекорд на посетеност е забележан во Западна Германија, во 1988 година, кога имало 59.243 гледачи по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО