Дешам за „здодевната“ игра на Франција: „Ако не ти се допаѓа, гледај нешто друго“!

Француската фудбалска репрезентација вечерва од 21 часот во Минхен, го игра полуфиналето на Европското првенство (ЕП) против Шпанија.

Општиот впечаток е дека Французите не покажаа речиси ништо на овој турнир, особено ако се има предвид дека до полуфиналето стигнаа без ниту еден постигнат гол од игра!

„Триколорите“ постигнаа еден гол од пенал, плус два автогола, а во полуфиналето се пласираа по победата против Португалија, на пенали.

На прес-конференцијата пред мечот со Шпанија, селекторот Дидие Дешам зборуваше за многу теми, а еден шведски новинар го праша за тоа „како ги сфаќа критиките за здодевната игра“, на што тој остро му одговори.

– Ти си Швеѓанец, дали си сигурен? Дефинитивно, живееш во Франција! Ако ти е здоедво, гледај нешто друго, во ред е. Не мора да гледаш!

Ова е посебно ЕП за секого, со помалку голови отколку во минатото. Имаме можност да споделиме емоции, да ги израдуваме Французите со нашите резултати. Сега, ако на Швеѓаните им е здодевно, не ми е важно, грубо одговори Дешам.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО