Познатиот шпански фудбалски коментатор Маноло Лама ја обвини ФИФА дека го организирала најголемиот грабеж во историјата на фудбалот на натпреварот меѓу Аргентина и Египет (3:2) во осминафиналето на Светското првенство.
„Денес бев сведок на неверојатен камбек на Аргентина и еден од најголемите грабежи што ФИФА ги извршила во светот на фудбалот.
Она што ФИФА му го направи на Египет е најголемата измама што сум ја видел во мојот живот. Пуштија да се игра, постигнат е гол, сè е завршено, а потоа еден човек од ВАР собата одлучува да преиспита сè и го поништуваат голот на Египет.
Во врска со третиот гол на Аргентина, може да се преиспитаат две работи што се случија во шеснаесетникот на Аргентина. Две. Јасно држење на противникот без можност да игра со топката, Аргентинецот го фаќа и го соборува играчот на Египет. И потоа, контактот со ногата на Салах, кој, ако го погледнете, е газење, тоа е газење и контакт во шеснаесетникот, тоа е контакт.
За мене, немаше ниту прекршок врз Аргентинецот, што предизвика голот на Египет да биде поништен, ниту имаше пенал врз Салах – но тие преиспитуваат една ситуација затоа што ликот од ВАР собата одлучи дека треба, а во друга ситуација го става јазикот во задникот и молчи.
Ја видов раката на Марадона (против Англија), го видов голот со рака на Тиери Анри (против Република Ирска)… Но, она што го видов денес е најголемата измама во историјата.
Ова не значи дека Аргентина не заслужуваше да победи или дека Меси не е најдобриот играч на светот, тој е најдобриот во историјата, но судијата и ВАР судијата се бесрамни копилиња, точка“, рече легендарниот Маноло Лама.