Отпочната е истрага, за смртта на Кембел, се сомневаат во лекарите?

Надлежните органи во Англија отворија истрага по повод смртта на екс фудбалерот на Арсенал и Евертон, Сол Кембел, јавија островските медиуми.

Тој во 55. година од животот почина по кратка болест и тоа додека престојуваше во болницатаво Манчестер.

На прва ништо не беше сомнително, а потоа службата која ги превезува починатите, открила некои детали во кои тврдат дека се сомневаат дека Кембел не бил адекватно лекуван.

– Според извештате, Кембел беше во добра форма и здравје во јануари 2024 година, кога имаше неколку посети во болниците. Инцидентот со него е ставен под ознака највисоко ниво, затоа што се одолговлекуваше со неговата дијагноста. Причина за смртта наводно е откажување на неколку органи при инфекција на срцето.

Истрагата е во тек, па се чекаат резултати, ако можат да се утврдат, дали Кембел бил несоодветно лекуван.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО