Апсолутен дебакл на Циципас на Вимблдон

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, е елиминиран од второто коло на Вимблдон.

Тој беше поразен од Финецот Емил Русувуиори со 3:0 во сетови, а победата на неговиот противник ја прави поголема што тој не е во првите 70 тенисери на АТП листата.

Циципас не успеа да го пронајде својот ритам на игра и постојано имаше проблеми со овој меч. Но доколку се погледне историјатот на Гркот, ќе се види дека тој бележи слаби резултати на овој голем турнир.

Во секој случај, ретко кој очекуваше од овој двобој Циципас да излезе како поразена страна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО