Олимписките игри (ОИ) во Париз почнуваат следниот петок, на 26 јули. Контроверзна приказна во пресрет на големиот спортски настан е настапот на одбојкарот на плажа Стивен ван де Велде (29). Холанѓанецот мина три години во затвор поради силување на 12-годишно девојче, а беше ослободен во 2017 година.
Холандскиот медиум НОС објави дека Ван де Велде нема да биде сместен во олимпиското село со другите спортисти, туку на посебна локација и нема да зборува со новинарите за време на Игрите. Холанѓаните сакаат да обезбедат мир меѓу себе и другите конкуренти.
Ван де Велде отслужи дел од казната во Англија, потоа беше префрлен во Холандија, каде што беше ослободен.
– Го направив тоа што го направив. Не можам да го вратам времето, па ќе морам да ги трпам последиците. Можете да ме осудувате, се разбира. Тоа е најголемата грешка во мојот живот, изјави Ван де Велде 2018 година, за националната телевизија НОС.
Одбојкарската федерација на Холандија и Холандскиот олимписки комитет соопштија дека го поддржуваат Ван де Велде, додавајќи дека тие, заедно со ФИВБ, консултирале експерти кои веруваат дека неговата шанса за повторување на неделото е „нула“!
Но, не се сите среќни што Ван де Велде ќе настапи во Париз. Џурис Колон, главна извршна директор на американскиот „Сејфспорт центар“ (SafeSport Center), во изјава за „Си-ен-ен“ рече дека „нејзината организација е длабоко загрижена што некој осуден за сексуален напад врз малолетник може да учествува на Игрите“.
Интернационалениот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека нема никаква улога во одлуката на холандската одбојкарска федерација да избере осуден силувач за настап на ОИ!