Орландо меџик ќе го „пензионира“ дресот на Шекил О’Нил со бројот 32

На пригодната церемонија на 13 февруари, НБА клубот Орландо меџик ќе го повлече дресот со бројот 32 што го носеше Шекил О’Нил.

Орландо ќе стане третата НБА франшиза што ќе му оддаде почит на четирикратниот НБА шампион и член на „Куќата на славните“. О’Нил пак ќе биде првиот играч во историјата на Орландо што ќе биде почестен со повлекување дрес.

Лос Анџелес лејкерс го повлече неговиот дрес со број 34 во април 2013 година, а Мајами хит со бројот 32 во декември 2016-та. О’Нил освои три титули со Лејкерс и една со Хит.

-Кога некој ќе праша кој беше првиот играч што го стави Орландо меџик на мапата, одговорот е едноставен – Шекил О’Нил. Тој ја однесе оваа франшиза до нови височини, на теренот и надвор од него. Неговото наследство сè уште се чувствува во нашата организација, изјави извршниот директор на Орландо, Алекс Мартинс.

О’Нил беше избор број 1 на драфтот во 1992 година од Орландо, каде што мина четири сезони и ги одведе до првото НБА финале во 1995 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО